вторник, 3 февруари 2026

ДЗР: Од 13 препораки, Министерството за одбрана целосно спровело само една од нив

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи и на усогласеноста со законската регулатива на Министерството за одбрана за 2024 година, при што е изразено неповолно мислење и за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законите, упатствата и воспоставените политики.

Објавено на

часот

Сподели

Ревизијата утврдила дека најголем дел од препораките дадени во конечниот ревизорски извештај за 2022 година не се спроведени. Од вкупно 13 препораки, една е спроведена, две се делумно спроведени, а 10 препораки не се спроведени.

Извештајот ги нотира слабостите во пописот и невоспоставената сметководствена евиденција на потрошувачката на резервите од материјали и стоки, како и непропишаните нормативи за подготовка на храна, кои влијаат на нереалното прикажување на наведените резерви; уплатата на дневниот пазар во готово остварен во продажните места на Министерството се врши со задоцнување; при набавка и продажба на стоки и произведени и продадени готови производи во Домот на Армијата не се применуваат и пополнуваат законски утврдените евиденции.

За надминување на утврдените состојби ревизорите дале препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Ревизијата уште укажува на потребата од преиспитување на законитоста на колективниот договор и висината на утврдените надоместоци, причините за големиот износ на средства што се исплаќаат по извршни исправи од судски постапки иницирани од вработени лица за неисплатени надоместоци утврдени со колективниот договор; потребата од преземање активности од страна на Министерство за одбрана и Армијата и во соработка со Служба за општи и заеднички работи на Владата за обезбедување документација, со што набавените пумпи за вода во 2016 година за санирање на штетите предизвикани од поплавите во селото Стајковци целосно би се преотстапиле на Министерството за одбрана; потребата од координација и соработка помеѓу Министерство за одбрана и надлежни органи за преземање активности за регулирање на престојот на странските студенти од Воена академија во државата; забрзување на постапките за донесување на предлог-измени и дополнувања на Закон за пожарникарството до Владата и обезбедување целокупна документација за недвижниот имот купен за сместување на Мисијата на Македонија при НАТО во Брисел.

Во текот на ревизијата од страна на Министерството за одбрана извршени се сметководствени корекции по дадените препораки од Државниот завод за ревизија, кои предизвикуваат промени во финансиските извештаи.

Министерството доставило забелешки на нацрт-извештајот, од кои дел е прифатен, а преостанатите не се поради недоставување нови докази, кои би влијаеле на утврдените состојби. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ