понеделник, 8 декември 2025

ДЗР: ЈП за стопанисување со спортски објекти не постои од 2017 година, а сепак сѐ уште работи

Државниот завод за ревизија (ДЗР) не може да ја потврди билнсната состојба на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт (ЈП) поради тоа што повеќе години наназад не е извршен попис на средствата, побарувањата и обврските и не е вршено усогласување на сметководствената евиденција со фактичката утврдена со попис, голем дел од документацијата на ЈП е изгубена поради поплава во деловните простории или одземена во истражни постапки од надлежни органи, почнувајќи од јануари 2020 година сметководствената евиденција ја врши надворешен правен субјект без при тоа да постои доказ дека за сите позиции во Билансот на состојба искажани на ден 31.12.2019 година ЈП има предадено поткрепувачка и веродостојна документација за нивната дотогаш утврдена
вредност, се навеува во извештајот на ДЗР објавен денеска.

Фото: ДЗР

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите на ревизорите Јавното претпријатие располага со земјиште, градежни објекти, опрема, транспортни средства, средства во подготовка со проценета вредност од 1.971.377 илјади денари, или 31.951.004 евра. За евидентираните земјишта и градежни објекти, ЈП не располага со податоци со кој имот реално располага, нема одлуки на Влада и имотни листови како доказ за стекнато право на користење или нивна сопственост, ниту пак постојат историски податоци за нивната вредност, исправка на вредноста, вредносно усогласување низ годините или извршена процена. За постројките, опремата и транспортните средства, ЈП не располага со документација или евиденција со која ќе потврди дека истите се проценети според набавната ревалоризирана вредност и пресметана амортизација согласно законски
прописи.

„Со измени, дополнувања и одложувања на примена на одредбите со кои се укинува
ЈП, а надлежностите се пренесуваат на органот надлежен од областа на спортот за
објектите од национално значење1, како и нивно поништување 13 дена откако влегле
во сила2, придонеле ЈП и понатаму да работи без законски основ. Основачот на ЈП во континуитет до 2023 година именува директори и членови на УО на ЈП, при тоа, по последното разрешување на членови на Надзорен одбор од 2017 година, ЈП функционира без надзорен орган. Ревизорите утврдија дека ниту со одлуката за основање на ЈП, ниту со Статутот на ЈП, ниту пак со Законот за спорт од 2002 година е извршено точно определување и специфицирање кои објекти за спорт ќе бидат во делокругот на стопанисување на јавното претпријатие. Јавното претпријатие не располага со точни податоци и информации за спортските објекти во сопственост на државата со кои управува, не е извршено запишување во јавните книги, што создава ризик за незаконско постапување со државниот имот“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите извршиле анализа и на договорите за дел од објектите кои се дадени на
користење на други правни субјекти при што е утврдено дека, објектите се даваат под закуп на долг период 20-30 години, договорените закупнини се мали во однос на просторот што се дава, а закупецот може истите да ги дава во подзакуп, не постои документација за промените запишани во имотните листови во однос на сопственост од легализација, приватизација или по друг основ, нема документација со која ќе се потврдат инвестициските вложувања од страна на закупецот предвидени со договорите, се отуѓува имот од јавен интерес преку извршни постапки, и покрај раскинатите договори, закупците не ги напуштаат објектите и понатаму бесправно ги користат, не преземањето на објектите од страна на единиците на локална
самоуправа придонело за поголемо запуштање, руинирање на објектите, нивно користење за намени кои не се во насока на спортот како и бесправно
владеење. Исто така нема доказ дека имот што согласно договор со ГТД Бетон Струмица АД Струмица, како соинвеститор му следи на ЈП, околу 781 м2 простор, го има примено во владение, ниту пак има доказ дека објектите се изградени.

„Во извештајот обелоденуваме состојби што се однесуваат на непреземање на
мерки и активности за спроведување на законските одредби од страна на Владата
и Агенцијата за млади и спорт по укинувањето на ЈП, поради што ЈП сѐ уште
опстојува и работи, има активен статус во Централниот регистер, не е решен
статусот на вработените, се генерираат нови обврски и загуби од работењето како
и загуби на имотот на државата. Го нагласуваме прашањето за исплата на 78.363 илјади денари по судски спор што ЈП треба да ја исплати на закупецот на објектот ‘Олимписки базен’ во Скопје. Обврската произлегува од договор од 2004 година и анекс од 2006 година со кој е продолжен периодот на закуп на објектот до 2035 година и со компензација однапред е признаена и наплатена закупнина за 373 месеци (31 година) во износ од 20.682 илјади денари (336.288 евра) по основ на фактури за вложувања во објектот, кои фактури не и беа приложени на ревизијата, а неизвесно е дали ЈП располага со истите. Укажавме на Министерството за спорт и основачот од потребата за утврдување на сите објекти кои биле во надлежност на ЈП и нивниот статус, како и преиспитување на законитоста на сите договори за закуп склучени помеѓу ЈП и трети лица со цел преземање на мерки за минимизирање на правните и финансиските ризици и заштита на државниот имот“, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ