вторник, 1 април 2025

Џили со големи попусти на автомобили по повод првиот роденден во Македонија

Автомобилскиот бренд Geely слави една година постоење на македонскиот пазар, а по тој повод сите заинтересирани купувачи добиваат ексклузивна можност за дополнителен попуст од 1.000 евра за два модела кои носат уникатно искуство во возењето – Coolray GF и Starray GK.

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа понуда, која трае од 15 март до 15 април, познатиот Coolray GF со попустот по повод првиот роденден на познатиот автомобилски бренд, ќе чини 27.490 евра, додека роденденската понуда за Starray GK е 33.990 евра.

Автомобилите можат да се разгледаат во шоу румот на северната трибина на Градски стадион во Скопје или да закажат тест возење на телефонскиот број 076 339 014.

Совршеноста на Geely моделите е изградена преку размена на технологијата со неговите европски партнери и стратешки сојузи што ја зајакнува неговата глобална конкурентност и технолошка предност. Со футуристичкиот дизајн и напредната технологија, моделите на Geely кои сега можат да се купат по намалени цени, носат неповторливо искуство во возењето.

Основана во 1997 година, групацијата Geely Auto е еден од најважните светски производители на возила. Нејзиното седиште е во Хангжу, Кина, со развојни центри низ целиот свет.

Увозник на автомобилите на познатиот кинески бренд Geely e Делфино мобилити груп кој ги проби возилата на македонскиот пазар, по што тие станаа еден од најбрзо-растечките авто-брендови во земјава.

Делфино мобилити груп е компанија со богата историја во автомобилската индустрија која трае повеќе од 30 години, а воведувањето на Geely во веќе богатото портфолио означува ново возбудливо поглавје и значајно проширување со автомобилски брендови и ексклузивни модели.

Сега, роденденските попусти на Geely претставуваат одлична можност да се возат моделите на познатиот бренд по уште поповолни цени.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ