Амбасадорката Сјаојан вели дека Кина инвестира во соработка и комуникација во разни сфери и области и во иднина навистина сака повеќе комуникации и соработка. Инаку, Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија.
„Во иднина навистина сакаме повеќе комуникации и соработка. Сакаме колку може повеќе македонски пријатели да ја посетат Кина и очекувам повеќе реални резултати во соработката меѓу нас. Недамна во Кина имаше две сесии, на кои се усвои 15-тиот петгодишен план. Кинеската страна објави дека Кина ќе биде со уште пошироко отворена врата за целиот свет и очекуваме повеќе соработка и комуникации. И во трговијата меѓу двете страни има исто успешни резултати. Во моментот Кина е трет по големина трговски партнер на Македонија и прв извозник во Европската Унија“, изјави Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија при денешниот престој во Прилеп.






