„Ќе се олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос“, информира преку соопштение Општина Тетово.
Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“ како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.






