Според соопштението на МНР, Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, Муцунски ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, се вели во соопштението.
Предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.
Утре Муцунски ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на Friends of Europe.
Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, соопшти МНР.






