четврток, 11 декември 2025

Движењето „Слободни и независни“ истакна кандидати за градоначалник на Скопје и Чаир и советнички лист за скопските општини

Движењето „Слободни и независни“ (Слободоумни и финансиски независни), денеска на прес-конференција ги истакна Владимир Куновски за кандидат за градоначалник на Скопје и Ицо Колевски – кандидат за градоначалник на Општина Чаир. Исто така, од „Слободни и независни“ најавија свои советнички листи за скопските општини: Бутел, Чаир, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Центар.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи Скопје повеќе не личи на град, туку на загадена и валкана фавела, ја предлагаме ‘Визија 2050’ со насоки каде би морало да се движи нормализирањето на живеењето во Скопје. Плановите треба да бидат изработени од надлежните институции во корист и  тесна соработка со жителите, здруженијата и истакнати стручни поединци“, ги открија мотивите за политичко дејствување и визиите за Скопје од движењето.

Како што велат, Движењето „Слободни и независни“ (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти од здруженијата „Но пасаран“, „Човекот над профитот“ и „Превентива“, а политички е претставено од Работничка партија Скопје.

Со ‘Визија Скопје 2050’, Скопје мора да излезе од статус на загадена фавела и да стане град за достоинствен живот. Плановите треба да се изработат во корист на граѓаните, со вклучување на стручната и граѓанската јавност. Програмата ќе биде со акцент на решавање на двете жешки точки ОХИС и Рашче (опасност од загадување од јаловината на Југохром). Во рамките на „Визија Скопје 2050“, а во услови на урбанистички хаос и загадување, ја предлагаме Платформата 3 + 1. Тоа подразбира: враќање на Заводот за урбанизам со сите ингеренции; Месните заедници како основа за одлучување на засегнатите граѓани; нова територијална поделба, која ќе овозможи финасиска самостојност и одржливост на општините; референдум за сите прашања бидејќи нема ни слух, ни волја кај партиите во однос на сите три прашања“, истакна на прес-конференцијата Владимир Куновски, кандидатот за градоначалник на Скопје.

Поради долгогодишната искрена соработка и нивниот општествен придонес, Движењето „Слободни и независни“ нагласи дека ги поддржува независните листи на: Стига е – Струмица носител на листа Ѓорѓи Танушев, Ново Село, носител на листа Стојан Трн Велков и Босилово, носител на листа Костадин Ристоманов ; Независни за Карпош – кандидат за градоначалничка Невена Георгиевска и носителка на листа Татјана Чакулев ; Независна листа Прилеп – со Страшо Наумоски;

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ