За овој изборен циклус, од џебот на граѓаните ќе се потрошат 6,7 милиони евра во медиумите, но, овие пари нема правично да се распределат. Напротив, најголемиот дел од парите е однапред резервиран за големите партии. Пари на граѓаните за партиска пропаганда! Ниту е е фер, ниту е демократија, реагираат од движењето Слободни и независни.
„Не знам зошто има формални оизбори и зошто глумиме демократија кога гледаме како ДПМНЕ си прави што сака, крати буџетски средства за политички партии, забранува рекламирање на опоненти, организира кампања и промоции иако не смее. Едноставно дај нека сами изберат и градоначалници и советници во сите општини и да не правиме трошок без пари. Нека воведат систем како во Северна Кореја, таман имаме и сличности, Северна Македонија“, изјави Владимир Куновски, кандидат за градоначалник на Скопје.
Движењето Слободни и независни (слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти препознатвиви преку здруженија Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива. Политичкото крило на Движењето е преставено од Работничка партија Скопје.






