Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот Љамалари му се засметува и времето поминато во куќен притвор, а сега преиначена во мерка ефективен притвор.
„Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од осум дена по приемот на пресудата. По однос на мерката притвор, судот одлучи истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 дена“велат од Основниот кривичен суд Скопје.






