понеделник, 15 декември 2025

Две години условна затворска казна за вработен од болницата во Прилеп – незаконски присвоил 2.110.640 денари

Условна затворска казна во траење од две години изрече Основниот суд во Прилеп против вработен во прилепската болница кој во периодот од август 2024 до април 2025 година противправно присвоил 2.110.640 денари наплатени од пациенти.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, службеното лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп сторило кривично дело – проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот иако ги вратил средствата, судот ја утврди вината и му изрече условна затворска казна во траење од две години, која нема да се изврши ако во наредните четири години не стори ново кривично дело.

„Овој случај е дел од пошироката истрага на Управата за финансиска полиција, која со месеци го анализираше финансиското работење на прилепската болница и истовремено ја потврдува нашата заложба за борба против корупцијата и злоупотребата на јавни средства. Враќањето на парите не ослободува од одговорност, правдата мора да бидат еднакви за сите. Оштетувањето на јавниот буџет, особено во здравствениот сектор е недозволиво и секој обид за прикривање или игнорирање на вакви постапки претставува закана за довербата на граѓаните во институциите“, информираат од Финансиската полиција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ