Луѓето патуваа на работа, децата одеа на училиште, но никој не беше ист. Се зборуваше тивко, внимателно бидејќи имаше киднапирано малолетно девојче, за кое никој со денови не знаеше каде е, се додека на на 3 декември 2023 година беше најдено телото на Вања, закопано во атарот на селото Бразда.
Вања беше млада, полна со планови, живот што штотуку почнувал, но оние кои посегна по нејзиниот живот, ги прекинаа плановите на нејзината надеж. Иако времето минува, болката не исчезнува. Четворица мажи, Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, беа осудени за киднапирање и убиството на Вања, и на 74-годишниот Панче Жежовски, поврзан со случајот, со цел да ги искористат возилото, како дел од планот.
Петтиот обвинет беше таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, тој беше под сомнение дека им дал информации за рута, навреме кога девојчето оди на училиште, но Судот го прогласи за невин, бидејќи Обвинителството не успеа да ја докаже вината „над разумно сомневање“.
Обвинението за четворицата и таткото на Вања беше поднесено и судскиот процес започна на 30 јули 2024 година. По прибирање на докази, сведочења и изјави, во 2025 година следеа завршни зборови од обвинителството и одбраната. Обвинителството побара најстроги казни, доживотен затвор за четворицата.
На 25 јуни 2025, судот објави пресуда, а сите четворица беа осудени на доживотен затвор, како поединечни казни за убиствата. Исто така, им беше определена казна и по 10 години за киднапирањето, но бидејќи тоа е паралелно со доживотниот затвор, главната казна остана доживотен затвор.
Според обвинението, мотивот за грабнувањето бил измама, а обвинетите верувале дека семејството на Вања има пари и ќе платат откуп за да ја вратат. Целта била да се присили некој од семејството да донесе пари, но наместо тоа, девојчето е убиено.
При пресудата, судот утврди дека четворицата заеднички ја киднапирале, ја држеле под заложничка, а потоа ја убиле, со што се докажано постоење на делото тешко убиство со умисла.
К.Д.






