четврток, 18 декември 2025

Две американски компании си одат од Македонија, Мизо вели тоа не значи дека други нема да дојдат

Заради тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму или нема да дојдат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар, истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две американски компании од државата. Премиерот Христијан Мицкоски пак, изјави дека ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат, и домашни и странски, и тоа не тереба да се сфати како крај на светот. Амерканските компании Аптив и Дура аутомотив систем што произведуваат делови за автомобилската индустрија најавија дека ќе ја напуштат Македонија поради намалениот обем на работа и откажување на нарачки од главните клиенти.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие компании и затоа не може коментира кои се причините за нивното заминување.

„Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија, Но, фактот што ние продолжуваме со инвестирањеи одиме понатака значи дека ова е добра, успешна и правилна одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија“, рече Мизо.

Додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.

„Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, сом логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија“, истакна управителот на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, по посетата на премиерот Христијан Мицкоси на оваа компанија.

Најавите за заминување на двете американски компании од Македонија го кометнираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отворање на нов погон на компанијата „Костал“.

„Ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат, и домашни и странски, и тоа не тереба да се сфаќа како крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и умешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори, до крајот на годината и то 4 или 5 такви компании, за веќе да потпишат договори со Владата. Очекувам нови над 1.000 работни места кои што би се креирале само како разултат на овие договори“, рече Мицкоски.

Амерканските компании Аптив и Дура аутомотив систем што произведуваат делови за автомобилската индустрија најавија дека ќе ја напуштат Македонија поради намалениот обем на работа и откажување на нарачки од главните клиенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ