Директорот во изјава за МИА не сакаше да открие за колкава плата е постигнат договорот за работен ангажман со двајцата пилоти.
Во изјава за МКД.мк Максути неодамна изјави дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.
„Мислам дека тоа не би требало да е предмет сега, бидејќи создаваме тензии помеѓу другите пилоти. Она што е битно е дека тие се ангажирани, потпишан е договор со нив, вратена е оперативноста од страна на авио-одделението и тие од денеска се активни во гаснење на пожари“, рече Максути.
Додаде дека договорот е потпишан до крајот на годинава, а по истекот останува Владата да одлучи, бидејќи, нагласи, дека е потребно порамнување на платите на ниво на држава.
“Има забрани за нови конкурси, значи штом имаме можност да ги обновивме конкурсите за примање на нови пилоти, ќе го направиме тоа и ќе видиме дали ќе има заинтересирани. Треба да биде регулиран нивниот статус во однос на примањата, потребно е порамнување на платите на ниво на држава. Тоа е проблем кој треба на повисоко ниво да се решава, рече Максути.






