понеделник, 16 март 2026

Двајца кандидати пријавени на огласот за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Огласот беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на РКЕ.

Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата.

Согласно Законот за енергетика, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ