„Цигарите ги пренеле во товарно возило во сопственост на правно лице од Србија, скриени во импровизирани бункери во приколката и ја избегнале царинската контрола. Цигарите биле откриени од полициски службеници кои го забележале камионот и го контролирале на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, додека во истото возило биле товарани цигари со македонски бандероли. Согласно постигнатата спогодба која е потврдена од Судот, на обвинетите им е изречена парична казна од по 4.000 евра за секој, која се задолжени да ја платат веднаш и им е изречена казна протерување од земјата во времетраење од пет години. Дополнително се одземени сите криумчарени цигари, камионот со приколка, 1.300 евра кои ги имале кај нив во моментот на сторување на делото и два мобилни телефони“, соопштија од Јавното обвинителство.
Двајца државјани на Србија осудени на по 4.000 евра за криумчарење на цигари
Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесена предлог спогодба од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје против двајца државјани на Србија за кривично дело криумчарење. Како што информираше Јавното обвинителство, двајцата осомничени, на 1 октомври, преку граничниот премин Блаце влегле во Македонија, избегнувајќи ја царинската контрола и пренеле непријавена акцизна стока, вкупно 2.300 штеки од по 10 кутии цигари со косовски бандероли во вкупна вредност од 3.220.000 денари.

Објавено на
часот





