недела, 14 декември 2025
Информации од ЦУК до 18 часот

Дваесет пожари на отворен простор евидентирани низ земјава, седум сè уште активни

До 18 часот денеска, низ територијата на државата се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум пожари се сè уште активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу активните пожари се огнот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во Општина Македонски Брод, пожарите во селата Свиларе и Радуша кон Дворце во Општина Сарај, како и шумскиот пожар меѓу селата Сенокос и Горјане во Општина Врапчиште. Активни огнени линии има и во селото Крапа (Македонски Брод), во близина на кланицата во Општина Долнени и кај селото Големо Коњари (Прилеп).

Под контрола се пожарот кај селото Нерав, во месноста „Биљино“ (Крива Паланка) и огнот кај селото Челопеци (Кичево).

ЦУК информира дека целосно изгаснати се пожарите во Чешиново, во месноста меѓу Челопеци и Миокази, во Куманово кај „Дива населба“ и на повеќе локации во Јегуновце, Радовиш, Долнени, Кривогаштани и Брвеница.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат максимално внимателни, да избегнуваат палење на отворено и веднаш да пријават доколку забележат пожар, за да се спречат поголеми штети врз природата и имотот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ