Тој во објавата на социјалните мрежи вели дека во моментот се работи на отстранување на голем дефект на водоводната мрежа и дел од градот има прекин на вода.
„Вработени од ЈКП Комуналец работат на терен за да се реши проблемот за побрзо време“, вели Владев.
Тој додава дека во моментов има пожар во село Ѓуѓанци, кој што е ставен под контрола, но има и пожар во место викано Преодски ливади.
„Во ова место се зафатени со пожар две викендици, но пожарот е ставен под контрола, а викендиците се спасени. Екипите во полн состав од Пожарна Свети Николе се макотрпно на терен, како и вработени од ЈКП Комуналец“, се вели во Фејсубк – објавата на Владев.
Тој побара разбирање од страна на граѓаните и како што пишува „ве уверувам дека се преземаат сите неопходни чекори за решавање на ситуацијата“.






