„Како нов учесник на пазарот на климатизацијата, се стремиме да понудиме проширен избор и современи технолошки решенија. Компанијата не настана преку ноќ. Таа е резултат на искуство, професионален пристап и одлуки донесени со цел да се создаде дополнителна вредност на пазарот“, велат од раководството на Energy Net Electric од каде најавуваат разновидност на понудата, знаење и долгорочни партнерства.
Преку Energy Net Electric, на пазарот се претставуваат климатизациските системи на
Mitsubishi Electric – компанија основана во 1921 година, која повеќе од еден век гради
репутација преку дисциплина, технолошки развој и континуитет.

Од првите ѕидни сплит системи развиени во Јапонија, до современите инвертер
технологии, интелигентни сензори и паметното управување преку платформата MELCloud, производите на Mitsubishi Electric се темелат на прецизност и систематски пристап кон ефикасноста и одржливоста.
Од компанијата истакнуваат дека ова партнерство не е прашање на споредба, туку на
проширување на можностите за клиентите. „Веруваме дека пазарот се развива кога
клиентите имаат избор, кога технологијата нуди разновидност и кога компаниите градат вредност, а не само продажба“, посочуваат од Energy Net Electric.
Целта на компанијата е да изгради доверба, стабилни партнерства и да понуди
решенија кои одговараат на реалните потреби на домаќинствата, бизнисите и
институциите.






