Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените.
„Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декември цените во делот на храната и пијалоците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година“, изјави Дурмиши.
Минатата година, како што посочи, направени се повеќе од 20 илјади контроли и изречени се 2,5 милиона евра глоба за оние трговци што се однесувале девијантно и ги зголемиле цените без економска оправданост.
„Мислам дека има повеќе контрола и се работи како што треба“, рече Дурмиши.






