понеделник, 5 мај 2025

ДУИ: Зошто се повлекол еден јавен обвинител од истрагата за Кочани?

Информациите дека еден јавен обвинител, кој бил дел од истрагата за трагичниот настан во Кочани, се повлекол од предметот поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество, се вели во денешното соопштеие на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бектеши, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

Бараме јавно и веднаш обвинителството да одговори пред граѓаните: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага? Ќе дозволи ли обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата? Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?

Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка. Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. Не браниме поединци, туку ја браниме правдата како принцип – еднаква за сите“, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ