Како дел од реформската стратегија, ДУИ спроведува конкретни механизми насочени кон зајакнување на транспарентноста и одговорноста во своите редови. Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, велат од партијата.
„ДУИ покрај пратениците, решително продолжува со проширување на овој процес на ветинг таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на претседателството на ДУИ и раководството на локалните партиски ограноци. Со стратешкиот акциски план ДУИ има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси. Како предводник на овие реформи, ДУИ поставува преседан за другите политички партии“, велат од ДУИ.
Оваа иницијатива, псосчуваат од партијата, ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста за справување со корупцијата во сите сегменти.
„ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет. Нашиот пристап е сеопфатен и добро планиран, со фокус на поединци со силен интегритет кои ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг“, вели Али Ахмети, претседателот на ДУИ.
Од партијата велат дека преку стратешките акции и непоколеблива посветеност, ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење.






