Наместо резултати, секојдневно гледаме докази за внатрешни поделби и меѓусебни обвинувања за корупција меѓу раководството на оваа коалиција. Тоа јасно покажува дека ветувањата не беа дадени за граѓаните, туку за тесни политички и лични интереси.
Билансот на измамите на Вреди: ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула; ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула;ветија Албанска академија на науките, го донесоа Додик; ветија албанска банка, ја донесоа српската банка; ветија уставни измени и европска интеграција, го донесоа српскиот свет; ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.
Вреди е голема политичка измама која скапо ги чини Албанците: од горди, достоинствени, до понижени и исклучени. Граѓаните заслужуваат достоинствено и чесно претставување и конкретни резултати, а не измами, манипулации, скандали и корупција“, соопшти ДУИ.






