„Ова не е обична финансиска инвестиција, туку директен политички и економски проект на Белград за преземање контрола врз стратешките институции на државата. Банката не е само приватна компанија – таа е механизам за политичко влијание, перење капитал и создавање економска зависност на земјата од интересите на Србија.
Фактите се јасни. Поставувањето на Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на ВМРО, на чело на банката е резултат на личното лобирање на Мицкоски кај Вучиќ. Професионалците од финансискиот сектор предупредија за ризикот по угледот на државата пред ЕУ и меѓународните институции – владата и безбедносните институции молчат. Претседателката и нејзиниот кабинет го релативизираат проблемот, претставувајќи го како „нормална“ инвестиција, иако сите знаат дека се работи за политички инструмент на ‘српскиот свет’.
Наместо да гарантираат албански капитал и рамномерен економски развој како што ветија, Вреди и нивните партнери го предаваат банкарскиот сектор – срцето на економијата – во рацете на Белград.
Ова не е економско прашање, туку прашање на национална безбедност. Српска банка значи српско влијание врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата. Тоа значи контрола на стратешките сектори и слабеење на евроатлантската ориентација.
Вреди лаже на секој чекор. Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘српски свет’ и руско влијание. Ветија независно одлучување, донесоа зависност од Вучиќ и Белград.
ДУИ повторно нагласува дека Северна Македонија не смее и не треба да дозволи банкарскиот сектор и стратешките институции да бидат преземени од дестабилизирачките интереси на Белград. Финансискиот интегритет и евроатлантската ориентација не се предмет на преговори. Молкот е соучесништво.
Октомври доаѓа – и тој ќе биде народен референдум за да се каже ‘не’ на ЛАГИТЕ, ‘не’ на зависноста од Белград и ‘да за достоинствено, чесно и резултатно претставување“, соопшти ДУИ.






