петок, 13 јуни 2025

ДУИ: Вработувањата во Централниот регистар без ниту еден Албанец се скандалозен удар врз уставниот поредок

Демократската унија за интеграција најостро го осудува неодамнешното вработување на осум лица во Централниот регистар – државна институција која и натаму не ја исполнува уставната обврска за правична и адекватна застапеност, при што ниту едно од нововработените лица не е Албанец.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој чекор е директна последица од укинувањето на Балансерот – механизам што досега беше клучен за обезбедување еднаквост и мултиетничка застапеност во институциите“, велат од ДУИ.

Од партијата предупредуваат дека наместо напредок, се соочуваме со намерно и систематско влошување на состојбата. „Станува збор за тешко кршење на Уставот и принципите од Охридскиот рамковен договор. Ваквите практики го подриваат демократскиот соживот и се во спротивност со европските вредности за кои како држава се стремиме“, додаваат од ДУИ.

ДУИ испраќа итен повик до, како што ја нарекуваат, „моноетничката влада“ да го прекине овој опасен тренд и итно да ги врати механизмите на еднаквост и правда во јавниот сектор.

„Што се однесува до остатоците од ВЛЕН во Владата – нив никој не ги прашува, ниту пак имаат глас во институционалните одлуки. Тие се сведени на неми соучесници, без никаков авторитет или влијание. Со својата тишина и покорност, единствено што прават е да ја легитимираат оваа дискриминаторска власт“, велат од партијата.

ДУИ потенцира дека оваа влада има погрешен правец и испраќа јасна порака: „Албанците не смеат да бидат неми жртви, туку активни носители на отпорот.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ