сабота, 12 јули 2025

ДУИ: Власта со најавите за нов попис сака да ја намали застапеноста на Албанците

Демократската унија за интеграција остро реагира на најавите за нов попис и  делегитимирање на пописот на населението од 2021 година, процес, кој според партијата, за прв пат по 2002 година, ги прикажа Албанците во државата со 29,5%, во споредба со 25,17% во 2002 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинувањата за незаконитост се намерен обид да се прикрие срамната, неправедна и антиуставна одлука на оваа влада, која без каков било политички легитимитет од Албанците, ја намали процентуалната застапеност на Албанците на 24,3% преку исклучување на дијаспората од официјалните пресметки – одлука со која Албанците беа прикажани дури и со помал удел отколку во 2002 година.

Овој потег, веќе поништен како незаконит, не претставува само техничка или административна грешка, туку тежок политички акт со цел систематско намалување на застапеноста на Албанците, занемарувајќи го придонесот, присуството и правата на дијаспората.

ДУИ потсетува дека оние што денес зборуваат за пописот од 2021 година, се истите што во 2024 година гласаа и го легализираа исклучувањето на повеќе од 300 илјади Албанци надвор од државата. Од 29,5% застапеност, со политички и дискриминаторски одлуки, процентот беше намален на 24,3% – што значи дури помалку и од резултатот на пописот од 2002 година.

Доколку некој денес треба да сноси одговорност за манипулациите, тогаш тоа се функционерите на оваа влада и нивните албански соработници кои ги изгласаа и спроведоа одлуките што ги оштетуваат Албанците на директен и долгорочен начин.

ДУИ уште еднаш нагласува дека нема да дозволи Албанците да бидат третирани како невидливи граѓани во сопствената држава и ќе ги искористи сите демократски, правни и политички механизми за заштита на демографската реалност и правото на правична и соодветна застапеност“, се вели во партиската реакција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ