недела, 28 декември 2025

ДУИ: Срамна е одлуката на ДИК да го намали бројот на советници во општините

Демократската унија за интеграција остро реагира на вчерашната одлука на Државната изборна комисија (ДИК), каде што имаше етничко надгласување над албанската претставничка Дитмире Шеху, како единствена на седницата, со што еднострано беше намален бројот на советници во албанските општини, со отворено кршење на Уставот и Законот за локална самоуправа, се неведува во соопштението на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Според ДУИ, одлуката на ДИК не е само политички штетна за Албанците, туку претставува и опасен преседан кој ја враќа земјата назад во времето пред 2001 година,„ кога волјата на Албанците систематски се игнорираше и газеше, а дискриминацијата се спроведуваше преку инструментализација на институциите“.

„Во септември 2024 година, оваа моноетничка влада донесе неуставна одлука за намалување на бројот на советници. Свесни за прекршувањето што го направија, пред три месеци се обидоа да го изменат Законот за локална самоуправа, но Европскиот фронт ја блокираше оваа иницијатива со мнозинството на Бадентер. Денес, и покрај тоа што законот не помина, и покрај тоа што Уставот е јасен и постои одлука на Уставниот суд, тие повторно ги погазија сите правни и демократски норми. Со оваа одлука, албанските општини се директно оштетени, само во Гостивар бројот на советници се намалува од 31 на 23, а во Струга, Кичево, Врапчиште, Желино и Теарце се намалуваат по 4 советници во секоја општина. Дополнително, дијаспората е исклучена од официјалните пресметки, што дополнително го оштетува претставувањето и економскиот развој на нашите општини“, велат од ДУИ.

ДУИ најави дека „овој процес нема да помине без одговор“.

„Албанците ја имаат силата и свеста да им ја дадат заслужената казна на овие дискриминаторски политики. Ниту мајоризацијата, ниту уцените, ниту манипулациите нема да ја замаглат волјата на народот на октомврискиот референдум“, велат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ