„Но, вистината што медиумите ја открија е сосема спротивна: во сите тие случаи одговорноста ја сносеа само директно инволвираните – најчесто три до пет лица – без да се отвораат процеси против поранешни функционери, без обиди за историски ревизии на вина.
Овој случај станува „суи генерис“(sui generis) пример за правна импровизација, воден не од закон, туку од желба за аплауз. Наместо да ја води истрагата низ призмата на правдата, обвинителството ја поставува низ призмата на популизмот и спасување на Владата. Целата академска и правна фела гласно алармира: овој пристап е антиуставен, спротивен на праксата и антипрофесионален. Тој не произлегува од правната наука, туку од политички договор со извршната власт“, велат од ДУИ.
Во партијата ценат дека претворањето на трагедијата во алатка за лична или институционална промоција е опасна девијација која може да има несогледливи последици.
„Затоа, повторно апелираме: Обвинителството мора веднаш да го прекине трансакцискиот однос со Владата. Правото не се практикува по нарачка. Кариерите на почитичарите и обвинителите не смее да се градат врз туѓа трагедија. Одговорноста за ваквиот пристап – и за сè што може да се случи со неправедно притворените – ќе падне на конкретни имиња. Историјата, правото и јавноста ќе ги паметат тие имиња – не како херои на правда, туку како пример за злоупотреба на правниот систем под притисок на Владата и јавноста“, порачуваат од ДУИ.