четврток, 10 април 2025

ДУИ реагира на средбата Мицкоски – Филипче: „Новиот општествен договор“ е антипод на Охридскиот договор?

По вчерашната средба на лидерите на двете најголеми партии во Македонија, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, со реакција се огласија од партијата Демократска унија за интеграција, која е дел од блокот партии со албански етнички предзнак и која по 20-годишно партиципирање во власта, сега дејствува од опозиција. Реакцијата на ДУИ, содржана во низа прашања, е насочена најмногу на етничката припадност на лидерите на партијата, во што препознаваат „ почеток на постохридско прекројување на уставниот модел на Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

„Како е можно лидерска средба за таканаречен ‘нов општествен договор’ да се одржи меѓу првопласираната и третопласираната партија на изборите?

Дали критериумот за учество во овие преговори е етничката припадност, наместо демократскиот легитимитет?

Дали ова значи дека се воведува нова практика на едноетничко моделирање на државата, каде што Албанците и другите заедници се сведени на набљудувачи?

Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?

Дали оваа иницијатива претставува почеток на постохридско прекројување на уставниот модел на  Македонија?

Зошто на средбата не беше присутен ниту еден претставник од албанската заедница – ниту од позицијата, ниту од опозицијата – ако навистина се разговара за иднината на државниот поредок?

Дали оваа средба е обид за воспоставување на нова политичка хиерархија врз основа на етничка припадност, каде што Албанците се отстранети од суштинските процеси на одлучување?

Дали во оваа рамка се разгледува и меѓусебна заштита од политичка и правна одговорност – еден вид неформален пакт за неказнивост – за трагедијата во Кочани, наспроти трагедијата со модуларната болница во Тетово?

И конечно – дали албанските партии избрани од премиерот биле воопшто консултирани за оваа средба?

Дали ја дале нивната согласност или биле целосно заобиколени?

Дали можеме да слушнеме барем еден јасен став од нив за ваквото едноетничко кроење на иднината на државата?

Дали се информирани дека македонскиот дел од Владата веќе договорил формирање на работни групи со етничката македонска опозиција за дефинирање на овој ‘нов договор’?

Или нивната улога е сведена на неми набљудувачи што ѕиркаат од ходниците, додека се скројува политичката реалност во која и тие, и нивните гласачи, не се прашуваат за ништо?“, прашуваат од ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ