„Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и чувството на заедништво во оваа држава.
Со напаѓање на клучните столбови на Охридскиот мировен договор – јазикот, балансерот, правичната застапеност, легитимитетот и Инспекторатот за употреба на јазиците – тој го доведува во прашање унитарниот и интегративен карактер на државата.
Затоа денес сериозно прашуваме:
Ако целта е уривање на Охридскиот договор – која е алтернативата? Зашто во политиката нема вакуум. Ако толку жестоко се спротивставувате на договорот што донесе мир, интеграција, децентрализација и зачувување на унитарноста, тогаш мора отворено да кажете што нудите на негово место.
Граѓаните прашуваат. И сè повеќе се загрижени.
Ако има намерна промена на државниот курс, тогаш време е за отворена и искрена дебата за тоа која е алтернативата на Охридскиот договор. Бидејќи ние не можеме бесконечно да ја носиме одговорноста за неговата неодговорност“, порачуваат од ДУИ.