среда, 18 март 2026

ДУИ поднесе предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Пратеници од Европски фронт, предводен од ДУИ, денеска во Собранието поднесоа предлог-резолуција за спроведување на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит, како иницијатива што произлегува од студентите по право, кои побараа правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај фактот што студентите Албанци ги следат и ги завршуваат студиите на албански јазик на акредитирани универзитети во државата, ним им е оневозможено полагањето на правосудниот испит на нивниот мајчин јазик. Оваа состојба претставува директно прекршување на Законот за употреба на јазиците и го нарушува уставното начело на еднаквост пред законот“, се вели во соопштението од Европски фронт.

Резолуцијата поднесена во Собранието бара од надлежните институции – особено од Министерството за правда и Комисијата за правосуден испит – да преземат итни мерки за целосно и доследно спроведување на законот, обезбедувајќи организирање на испитот и на албански јазик.

Тие посочуваат дека правосудниот испит е професионален испит за проверка на правните знаења и не смее да се користи како дискриминаторски или ограничувачки механизам врз основа на јазик.

„Нецелосното спроведување на законот создава нееднаква и дискриминаторска состојба, ограничувајќи го еднаквиот пристап до правната професија за цела категорија студенти. Ваквата практика е неприфатлива во држава која тежнее кон владеење на правото и почитување на основните права. Преку оваа резолуција се бара институционална одговорност и конкретно дејствување, со цел да се гарантира еднаков третман и целосно почитување на јазичните права, во согласност со важечкото законодавство“, се вели во соопштението.

Од Европски фронт посочуваат дека оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на еднаквоста, правдата и функционирањето на правната држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ