понеделник, 8 декември 2025

ДУИ на конгрес во декември

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кое денеска во Мала Речица одржа седница свикана од партискиот претседател Али Ахмети.

Објавено на

часот

Сподели

„Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Одлучено е до 20 декември да се организираа партиски конгрес“, истакна во изјава за медиумите потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми.

На новинарско прашање дали се разговарало за оставки по резултатите од изборите, Адеми информира дека не се дискутирало по тоа прашање имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.

„Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ние пораката ја примивме. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември“, одговори Адеми.

Тој соопшти и дека на седницата е донесена одлука за формирање на организациски  одбор за конгресот во кој ќе членуваат осум партиски членови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ