„Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска рамноправност. Наместо да штитат вредности, тие ги бришат институциите кои со години придонесувале за религиозен соживот, културен развој и толеранција.
Најзагрижувачки е фактот што вазалите од Вреди со своето соучесништво – ја легитимираат оваа антидемократска насока и не само што прават непоправливи штети, уште и безсрамно манипулираат со јавноста, фрлаат лажни обвинувања и стануваат инструмент во демонтажата на важни општествени придобивки.
Апелираме до јавноста, до религиозните заедници, до граѓанскиот сектор и до меѓународните партнери – да не останат неми пред ова опасно скршнување.
Ова не е партиско прашање – ова е прашање на принципи, кои се однесуваат на слободата, достоинството и еднаквоста на сите граѓани. Не смееме да дозволиме враќање назад. Ќе се спротивставиме решително на секој обид за исклучување, поделби и поткопување на основните слободи на граѓаните“, се вели во соопштението на ДУИ.