вторник, 20 јануари 2026

ДУИ ќе гласа за законските измени за „Безбеден град“

Пратеничката група на ДУИ  ќе ги поддржи измените на Законот за прекршоци, односно за примена на системот „Безбеден град“, што треба да се најдат на дневен ред на седницата в петок, а чија имплементација треба да започне на 1 февруари.

Објавено на

часот

Сподели

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, Рина Ајдари денеска од собранискиот прес центар го изнесе ставот за поддршка на интегративците за законските измени, но додаде дека очекуваат МВР да работи на забелешките кои тие ги имале за овој закон.

Системот „Безбеден град“ ќе може да започне со примена од 1 февруари, како што беше зацртано, бидејќи пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ ќе го поддржи и со тоа власта ќе обезбеди двотретинско мнозинство за измените на Законот за прекршоци да помине во Собранието.

Токму Законот за прекршоци беше една од темите на лидерската средба, на која не присуствуваше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој и претходно укажуваше на тоа дека нема проблем дискусиите за важните законски решенија да се водат во Собранието.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ