Од партијата прашуваат: Дали „Рубикон“ поседувала важечка лиценца за работа како агенција за обезбедување? Колку нејзини вработени се лиценцирани и со каква обука? Кои други објекти или настани ги обезбедувала оваа агенција? Дали и кога била предмет на инспекциски надзор? Кој го спровел и со какви резултати? Зошто полицијата не реагирала иако во објектот – под обезбедување на „Рубикон“ – имало малолетници по полноќ, слободна продажба и консумација на алкохол, пиротехника и нарушен јавен ред?
Ова не се прашања од дневнополитички карактер, туку барања за елементарна институционална отчетност. Бараме итна, детална и транспарентна истрага за улогата на агенцијата „Рубикон“ во трагедијата, за нејзините врски со државните институции и за неуспехот на МВР да делува соодветно, соопшти ДУИ.