„ДУИ апелира до професионалците во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство да не дозволат да бидат дел од оваа трговија со влијание и на тој начин да не ја легитимираат оваа политичка зделка. Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси.
Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично. Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострано насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, соопшти ДУИ.