петок, 13 март 2026

ДУИ: Институциите да реагираат на растот на цените и дериватите

Демократската унија за интеграција обвини дека граѓаните веќе една недела се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати, додека институциите, според партијата, не преземаат конкретни мерки за ублажување на економскиот притисок врз семејните буџети.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата посочуваат дека од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите, што, како што наведуваат, директно ќе се одрази врз цените на транспортот, храната и услугите, со што дополнително ќе се зголемат трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.

Според ДУИ, во ваква ситуација институциите треба активно да реагираат, но досега, како што велат, нема најави ниту за план, ниту за конкретни мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.

Партијата предлага неколку итни мерки кои, според нив, можат веднаш да се спроведат. Меѓу нив се линеарно зголемување на платите за 3.500 денари, почнувајќи од мартовските плати, привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како и активирање на државните резерви на нафта, кои, како што наведуваат, биле набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот притисок.

Дополнително, ДУИ предлага и воведување ваучер од 3.000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.

Од партијата велат дека станува збор за изводливи мерки кои можат веднаш да се реализираат доколку постои институционална волја, нагласувајќи дека граѓаните очекуваат брза реакција и економски политики што ќе им помогнат во услови на раст на цените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ