недела, 10 август 2025

ДУИ демантира дека нивен функционер подметнувал пожари низ Скопје

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост и категорично ги отфрла клеветите и тенденциозните вести кои се шират од одредени кругови блиски до власта, со цел оцрнување и дискредитација на нашите функционери и политички активисти во Шуто Оризари, вклучително и наводната вмешаност во сериозни инциденти како подметнување пожари во околината на Скопје и Визбегово, се вели во денешното партиско соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие намерни обиди за манипулација на јавноста претставуваат директен напад врз опозицискиот глас и политичкото претставување на Албанците. Во пресрет на локалните избори, јасно е дека станува збор за добро осмислена стратегија за заплашување, уценување и слабеење на организациските структури на ДУИ, наместо соочување со граѓаните преку политичка алтернатива и фер демократска дебата. Во овој контекст, ги повикуваме надлежните институции транспарентно да ги разјаснат причините, правната основа и целта на полициската контрола спроведена во домот на Иљаз Лесковица, како и да објаснат кој од инкриминираните кругови стои зад ваквите селективни одлуки кои имаат за цел вршење притисок врз легитимни политички претставници. Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена на владеењето на правото, независната правда и достојното претставување на Албанските граѓани на сите нивоа. Ниту еден притисок, ниту една закана нема да ја поколеба нашата волја да го браниме легитимното право на политичко учество и претставување“, велат од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ