среда, 16 јули 2025

ДУИ бара повеќе работни места за Албанците во државната администрација

Демократската унија за интеграција е загрижена по најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација, велат од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот ‘балансер’ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции.

Правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација.

Остануваме посветени на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата“, се вели во соопштението на ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ