Од партијата реагираат дека Алиу најпрво објавил дека има вработувања, а потоа ги демантирал сопствените изјави, што го оценуваат како политичка манипулација за собирање изборни поени. Според ДУИ, таквиот потег претставува потсмев кон граѓаните и доказ за недостиг на одговорност и транспарентност.
„Вчера сведочевме на скандалозен апсурд: Азир Алиу го демантира Азир Алиу. Најпрво објави дека има вработувања, а потоа ги негираше, со што докажа дека целиот процес бил политичка лага за собирање изборни поени на грбот на граѓаните и здравствените работници, се наведува во соопштението од ДУИ. Не може да се релативизира лагата и измамата. Мора да се отфрли оваа опасна теорија на политичка манипулација, каде што министерот отворено тврди дека работата е завршена, дури обвинувајќи ги другите за лаги, за денес да каже дека ништо не е завршено, но ‘по пролонгирањето ќе се заврши’. Ова не е одговорна политика, ова е потсмев кон граѓаните“, се вели во соопштението на ДУИ.
Од таму велат дека министерот ја загубил секоја кредибилност и побараа негова итна оставка, со порака дека здравството не смее да се води од лица кои, како што тврдат, „отворено лажат и си поигруваат со судбината на граѓаните“.






