среда, 2 април 2025

ДУИ бара формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда за трагедијата во Кочани

Парламентарната група на Европскиот фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна парламентарна комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД и на земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес.

Селективната правда ја потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

Парламентарната група на Европскиот фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.

ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата“, соопшти ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ