Од ДУИ обвиниуваат дека во јавна институција, каков што е Централниот регистар, „каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок“.
„Вреди, како дел од Владата, сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат. ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност. Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“, реагираат од ДУИ.






