недела, 7 декември 2025

ДСЗИ излезе на терен откако почина пациентка со Кронова болест

Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручна комисија која треба да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Државниот здравствен и сантарен инспекторат е веќе на терен“, истакна Алиу одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод најавата на симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој” посветена на унапредување на знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ