понеделник, 14 јули 2025

ДСЗИ: Инспекциски надзор во три здравствени установи за смртта на тригодишното дете од Кавадарци

Во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, во тек се инспекциски надзори во три здравствени установи со цел да се следи патот на лекувањето на детето: приватната здравствена установа каде детето имало избран матичен лекар, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, каде било лекувано и во ЈЗУ УК за детски болести каде била констатирана смрт, одговорија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за МИА.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, во изјава за МИА, родителите на детето рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка. Родителите на детето кое почина на пат кон скопските клиники, бараат испитување на лекарска грешка.

„Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце“, реагираа родителите на тригодишното дете, кое почина на пат кон скопските клиники.

„Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете“, рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното дете било донесено починато на комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје.

Како што соопшти полицијата, во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3.00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8.45 часот била констатирана смрт.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ