„Почитуван реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам.Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, се вели во честитката од Сиљановска-Давкова.
Енергијата и топлината на светиот месец, се додава, не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница.
„Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина. Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии. Бајрам Шериф Мубарек Олсун.Благословен и честит нека е празникот Рамазан Бајрам“, се потенцира во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам.
И претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку пост на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.
„Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање“, се вели во честитката од премиерот Мицкоски.
Како народ, се додава, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.
„Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!“, се потенцира во честитката од премиерот Мицкоски до сите верници од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.
Честитки по повод празникот испратија и претседателот на Собранието, Африм Гаши со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.
„Почитувани граѓани од исламска вероисповед, Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба“, се вели во честитката од Гаши.
По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, се потенцира, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето.
„Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество. Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина. Честит Рамазан Бајрам!“, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Рамазан Бајрам.
Честитки по повод празникот испрати и министерот за односи помеѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
„Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. По завршувањето на светиот месец Рамазан, месец на пост, духовна посветеност и солидарност, ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, добро здравје, радост и спокој, опкружени со семејството и најблиските. Нека вашите молитви бидат примени, а вредностите на хуманоста, толеранцијата, заемната почит и меѓусебното разбирање бидат водилка во секојдневието на сите верници“, се нагласува во честитката од Стоилковиќ.
Големите верски празници, се додава, се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат, за грижата за другиот, подадената рака кон оние на кои им е потребна помош и негувањето на соживотот. Само преку заемна почит, одговорност и заеднички заложби можеме да градиме праведно, инклузивно и просперитетно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви и почитувани, без оглед на нивната верска или етничка припадност.
„Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам!“, се потенцира во честитката од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам.






