Како што соопштија од МПЦ-ОА, на божикната трпеза присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, како и митрополитот Брегалнички, г. Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф.
„Должни сме да ги негуваме вредностите што нè поттикнуваат да бидеме хумани, одговорни едни кон други и сплотени околу заедничкото добро и иднината на татковината“, се наведува во информацијата за божиќниот ручек.






