вторник, 17 март 2026

Македонски државјанин возел мотор со 220 км/ч во Грција – приведен од грчката полиција

Македонски државјанин е приведен од полицајците во Кукуш (Килкис- Грција) откако бил фатен како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, јавува дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со Македонија за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблички, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Од Генералната регионална полициска дирекција на грчката област централна Македонија на социјалните мрежи објавија фотографии како од радарот што ја регистрирал брзината, така и од мотоциклот на уапсениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ