недела, 1 јуни 2025

Дрво падна врз автомобили кај „Млечен“, оштетени се и кабли (ФОТО)

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул. Анкарска кај популано именуваниот реон Млечен ресторан. Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП Паркови и зеленило за да го отстранат паднатото дрво од улицата.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Фото: МКД.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ