Како што се наведува во апелот, блокадата го отежнува секојдневното движење на населението и ја нарушува комуникацијата меѓу двете страни на границата.
„Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара брза интервенција и обезбедување безбеден и непречен сообраќај“, се наведува во апелот на Друштвото.
Апелот е поднесен од претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и координаторот на Друштвото за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху.






