сабота, 12 јули 2025

Друштвата на Македонците во Албанија на саем за разновидност во Тирана

Македонските друштва „Сонце” и „Илинден” учествуваа на Саемот за разновидност, уметност, храна и дијалог во Тирана.

Објавено на

часот

Сподели

„Се претставивме со свој штанд со македонско јадење од областа на Голо Брдо и Преспа, како и со дел од македонски носии, ракотворби, брошури и разгледници. Како во секоја ваква активност, и овојпат она што го презентиравме побуди голем интерес кај посетителите“, рече за МИА Васил Стерјовски, претседател на МД „Сонце”.

Настанот беше во организација на грчкото малцинство и поддржан од Комитетот за националните малцинства.

Во овој орган на Владата на Албанија, свои претставници имаат сите малцинства признати со Законот за национални малцинства. Претседателка е Константина Бежани, од грчкото малцинство, а Марјана Костовски е претставник на македонското малцинство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ