„Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која уште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден“, вели Ангелов во пишана изјава.
Најавува дека затрупувањето продолжува и утре, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.






